еМагазин
Image default
Локално

Уценувана девојка од Тетово: Со пиштол барал пари и од таткото

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(33) од с.Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, информира МВР.

Пријавениот во текот на 2020, во повеќе наврати, на девојка од Тетово ѝ  упатувал закани дека ќе објави работи за неа доколку не му исплатела одредена сума пари.

Пријавениот на 24.03.2020 отишол во куќата на оштетената, каде од неа и нејзиниот татко барал да му дадат пари, а при тоа со себе носел и пиштол.

На 25.03.2020 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот во с.Требош, тетовско, при што во дворот на куќата, во паркирано патничко возило „поло“, сопственост на неговата сопруга, под возачкото седиште бил пронајден и одземен пиштол марка „хартфорд“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11-годишно девојче пронајдено починато во село Парналија на Плачковица

Редакција

МВР „растури“ забава во викендица на Тиквешкото езеро

Редакција

Немаат доволно пари: Струмички средношколци неможат да одат на Светскиот шампионат по англиски јазик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница