еМагазин
Image default
Македонија

Епицентарот во Ростуше: Земјотрес почувствуван во дебарскиот регион, дел од граѓаните ги напуштиле домовите

Земјотрес попладнево ги вознемири жителите од поширокиот дебарски регион. Поради полицискиот час и подготовката на домаќинствата од исламска религија за ифтар вечера сите жители беа во своите домови.

Дел од нив, оние кои живеат во повисоките стамбени згради за кусо ги напуштија своите домови.

Потресот беше почувствуван во 18:21 часот со епицентар во близина на Ростуше, а според информациите тој е со интензитет од 3,4 степени и на длабочина од два километра.

Ова е втор потрес почувстуван во овој дел на земјата со епицентар кај Ростуше во последните десет дена. Претходно на 20 април земјотресот беше со јачина од три степени.

Епицентарт е во подрачјето на општина Маврово и Ростуше, поради што тој се почувстуван и во општините Дебар и Центар Жупа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски на средби со Орбан и Јанша ќе бара одблокирање на евроинтеграциите

Редакција

Нов рекорд: 243 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 98

Редакција

Избори: Се гласа за прв претседател на Северна Македонија, петти на државата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница