еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Доживотен затвор за девојката од Дебар која ги уби родителите и малолетната сестра

Доживотна казна затвор доби обвинетата Б.П. од Дебар која на 26 август 2018 година во семејната куќа ги уби родителите и малолетната сестра.

Пресудата ја донесе Основниот суд во Гостивар, а Б.П. е осудена на доживотен затвор за три кривични дела – убиства.

Еден од обвинетите кој и помагал на обвинетата е осуден на 10 години затвор, а за другиот обвинет е изменето кривичното дело и по одлука на судот, постапката за него ќе продолжи за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Гостиварското обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети кои го помагале извршувањето на убиството и се најавува жалба на пресудата.

Доживотната казна затвор за сега осудената Б.П. следи по сеопфатната истражна постапка во која Обвинителството обезбеди докази, а со кои во текот на судењето докажа дека таа во семејната куќа во Дебар, пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра.

Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, осудената телефонски контактирала со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје.

Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми.

По извршувањето на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар, по што таа со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Италија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор пораз за македонската репрезентација на Светското ракометно првенство

Редакција

НЛБ Банка ќе дели дивиденда од 2.636 денари бруто по акција

Редакција

„Заедно напред“ е официјалниот слоган на Стево Пендаровски за претседателските избори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница