еМагазин
Image default
Балкан

Србија и се налути на ЕУ поради претставувањето на Никола Тесла како Хрват

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Србија испратила протестна нота до еврокомесарката за иновации, истражувања во културата, образование и млади, Марија Габриел, откако на веб страната на Европската унија беше објавено дека Никола Тесла е Хрват, јави дописникот на МИА од Белград.

– Јас неколку пати повторував, дека ако Никола Тесла живееше во Југославија (за време на Втората светска војна), тој ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Вчера реагираше и министерот за култура и информации, Владан Вукосављевиќ, кој изјави дека се надева оти институциите на ЕУ ќе и се извинат на српската јавност и дека таа „непримерна грешка“ ќе биде исправена без одлагање.

Тој додаде дека му е особено жал што е тоа се наоѓа на официјалната веб-страница на ЕУ, која, како што вели, „барем декларативно се залага за вистински историски погледи и политика на разбирање и взаемно почитување меѓу државите и народите во Европа“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватскиот Сабор се самораспушти, избори кон крајот на јуни или почетокот на јули

Редакција

(ВИДЕО) Србија прва во Европа почна со производство на руската вакцина Спутник V

Редакција

Во акцијата на косовската полиција во северно Косово уапсени и службеници на УНМИК

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница