еМагазин
Image default
Свет

(Вознемирувачко видео) Пукање во преполн парк во Тексас, најмалку петмина повредени

Најмалку пет лица се повредени во инцидент со пукање во парк во градот Форт Ворт, Тексас, јави Си-Ен-Ен.

За време на инцидентот во паркот имало околу 600 луѓе. Полициските службеници кои се нашле на местото на пукањето, петмината повредени ги однеле во болница.

Полицијата соопшти дека три лица се здобиле со полесни повреди, додека две се во критична состојба.

Во соопштението не се посочени детали за жртвите или можните осомничени лица во нападот.

Истрагата е во тек, а во неа, покрај локалната полиција, учествува и полицијата на државата Тексас, како и сојузната полиција.

Во Тексас беа укинати карантинските мерки на 1 мај, а се планира и нивно дополнително олеснување. Парковите се отворени, а луѓето се повикуваат да ги почитуваат мерките за физичка дистанца.

МИА/Фото/Видео:Њујорк Тајмс/Youtube/CBDSVF/Basell34

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Русија го промовира новиот беспилотен суперсоничен нуклеарен бомбардер

Редакција

Во Швајцарија ќе има и затворски казни за прекумерно греење

Редакција

Знаците за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина ја намалија цената на нафтата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница