еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Само во Македонија: Го полил возилото со бензин и го запалил пред полицајци кои му пишале казна

На 13.05.2020 во 11.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од с.Жидилово и Х.С. од Крива Паланка, информира МВР.

„При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин.

Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело.

Била повикана екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени со Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

153 нови случаи на Ковид-19 од 1.549 тестирања

Редакција

Раководството на градинката „Буба Мара“ треба да го расветли случајот со дрското однесување на негувателка

Редакција

Ќе излезе ли Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје и од Надзорниот одбор на Капитал банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница