Вкупните буџетски расходи со ребалансот за годинава ќе изнесуваат 3,95 милијарди евра, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на првичните проекции, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција.
Приходите со измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари (414,6 милиони евра) во однос на планот.
Дефицитот е позициониран на 6,8 отсто од БДП што, како што рече Ангеловска, е во линија на проекциите на Европската комисија.
Ребалансот има за цел опоравување и рестарт на економијата во услови на кризата предизвикана од корона вирусот.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ