еМагазин
Image default
Локално

Jа удрил сопругата со шише за да расчисти расправија

По удар со шише, повредена е жителка на беровското село Смојмирово. Повредата Ф.Џ. ја заработила, откако по вербална расправија во дворното место, нејзиниот сопруг и го нанел ударот, по што бил пријавен во полиција.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Џ.(52) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 01.05.2020 во дворното место од семејната куќа, по кратка вербална расправија, пријавениот со шише ја удрил неговата сопруга Ф.Џ. и ѝ нанел телесни повреди“, информираат од полицијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец му се заканувал на полицаец

Редакција

Трагедија: Автобус прегази маж на автопатот Гостивар-Тетово

Редакција

(ФОТО) Пена тече од фонтаните во центарот на Струмица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница