еМагазин
Бизнис

„Фершпед“ со намалена добивка: Се чувствуваат негативните ефекти од корона вирусот

Нето добивката по оданочување на „Фершпед“ во првите три месеци од годинава изнесува 14,7 милиони денари, и истата е намалена во однос на истиот период од 2019 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Првите ефекти од корона вирусот врз деловното работење на друштвото се почувствуваа во средината на месец март. „Фершпед“ АД Скопје превзеде неопходни мерки за заштита на вработените од вирусот.

Последиците од кризата ќе влијаат на оперативното работење на друштвото, на ликвидноста, како и на наплата на побарувањата. Има намалување на продажбите во доменот на услугите во сите сектори, а негативните ефекти особено се почувствуваа во сектор угостителство поради забраната за работење на угостителските објекти.

Во моментов со одредени потешкотии се подмируваат обврските кон доверителите и доколку ситуацијата продолжи друштвото не ја исклучува можноста да побара репрограмирање на обврските спрема финансиските институции.

Негативните ефекти од вирусот веројатно ќе имаат одраз врз финансиските извештаи на друштвото, а што со сигурност не можат да бидат предвидени.

Раководството ќе продолжи континуирано да ја следи состојбата и ќе презема неопходни мерки за намалување на негативните ефекти. Доколку е потребно друштвото ќе ги корегира финансиските проекции за 2020 година. Сепак ако ситуацијата се нормализира, очекуваме во третиот квартал финансискиот резултат да се движи во рамки на проектираниот“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фершпед“ лани оствари добивка од 83,2 милиони денари

„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“

Колку акции во „Фершпед“ поседуваат членовите на Одборот на директори?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонијатурист“ го доби тендерот на Министерството за одбрана за хотелски услиги вреден 19.000 евра

Редакција

За прв пат исплатени повеќе пари за домашните отколку за странските инвеститори, тврди Деспотовски

Редакција

„Линк медиа плус“ го доби тендерот за новогодишно украсување на ГТЦ вреден 22.800 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница