Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија досега се регистрирани 1.839 лица, заразени со коронавирусот.
“Во однос на коморбидитети, кај 559 (30,4%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 386 лица имаат кардиоваскуларна болест, 123 дијабет, 95 се со хронична белодробна болест, 23 со хронична бубрежна болест и 81 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 249 (53,1%) се присутни коморбидитети“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со податоци до 18. мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Во Македонија заболени од коронавирусот уште само 18 здравствени работници
И двајцата новопочинати од коронавирусот биле со претходни заболувања