еМагазин
Image default
Македонија

По два дена, еден новозаболен во Прилеп, од утре скрининг на вработените во градинките

Во Прилеп денеска има еден нов случај на заболен од коронавирусот, по двата дена кога немаше новозаболени. Центарот за јавно здравје не регистрирал новооздравени од оваа заразна болест.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 14 лица, од кои 12 се позитивни на коронавирусот. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти кои се негативни на Ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека од утре, четврток 28 мај, започнува таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани. Тестирањето се спроведува со посебен протокол, а земањето на материјалите ќе се организира по теренски принцип, односно со земање материјал во објектите на градинките, согласно со нивниот план и во договор со установите.

Закажувањето е преку системот „Мој термин“. Тестирањето ќе трае два дена, во четврток и во петок, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките. Инаку, во Прилеп се 180 вработени во шестте градинки во градот и четирите во населените места.

Земените материјали се доставуваат до вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје во Скопје за паралелно на овој процес да се изготви протокол за работа на градинките и тие да се стават во функција.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовчанка ја сподели личната битка со корона вирусот: Се плашев повеќе за другите, отколку за себе

Регистрирани нови 25 случаи со корона вирусот, 14 од нив во Скопје

Убава вест: Оздравени уште 17 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.470

Починаа тројца пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 119

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија се сомнева во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството за труд и социјална политика

Редакција

Герамитчиески: Набавката за блиндираното возило на МВР копирана од каталогот на „Мерцедес“

Редакција

Заев: Мораме да создадеме начин како да ги заловуваме кучињата кои растат во огромен број

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница