еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Светот згрозен од убиството на афроамериканец од полицаец, Минеаполис во пламен

Видео снимка од САД на која се гледа како полицаец убива афроамериканец го обиколи светот и предизвика лавина од негативни реакции.

На вознемирувачката снимка која ја објавија американските медиуми се гледа како починатиот Џорџ Флојд (46) неколку пати вели дека неможе да дише и моли да не биде убиен, откако еден од полицајците кои учествувале во неговото апсење го притиска со коленото на вратот.

Агонијата на Флојд трае неколку минути, по што починал.

Неговата фамилија, но и преставниците на локалната власт бараат полицаецот да биде уапсен и да му се суди за убиство.

Сите  четворицата полицајци кои биле дел од овој инцидент се отпуштени.

Апсењето на Лојд следуваше откако сопственик на продавница во Минеаполис повикал полиција, бидејќи се сомневал дека тој се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари.

Новото убиство на афроамериканец од страна на полицаец во САД предизвика насилни протести во Минеаполис, Минесота.

Фото: CNN/видео: The Telegraph/KPRC 2 Click2Houston

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Економскиот раст годинава само 2,9%, инфлацијата 8,8%

Редакција

Кои ќе бидат новите цени за вадење пасош, лична карта и возачка дозвола

Редакција

Нови шест починати од Ковид-19 во Тетово, 104 пациенти се на кислородна поддршка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница