еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Испишана историја: Приватна компанија прв пат испрати астронаути на НАСА во вселената

Вселенското летало, дизајнирано и изградено од приватната компанија „SpaceX“, беше лансирано во орбита со двајца астронаути од американската вселенска агенција НАСА.

Тоа е историско лансирање од вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал, првото што го изврши приватна компанија. Истата лансирна рампа беше користена за време на мисиите на Аполо на Месечината, пред половина век.

Вселенското летало, со астронаутите на НАСА, Даг Харли и Боб Бенкен, влезе во орбитата набргу откако беше лансирано во 15:22 часот по локално време (21:22 часот од Централноевропско време).

Харли и Бенкен треба да пристигнат на Меѓународната вселенска станица, до која ќе летаат 19 часа.

Заминување на астронаутите на НАСА во орбитата е прво од територијата на САД за речиси 10 години. 

МИА/Фото/видео: НАСА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираа соработката за локалните избори

Редакција

Има волја од Бугарија да ни помогне со енергија преку механизмите на ЕК, изјави Пендаровски

Редакција

Ученици се журкаат по кафулиња и паркови, а ќе имаат онлајн настава за да се зашитат од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница