еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за седум лица за насилството и пукањето на Матка

Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, против М.С.(40), Ќ.С.(23), М.С.(47), И.С.(25), Р.И.(24), Б.Е.(32) и В.К.(24), сите од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

На 09.05.2020 околу 15.10 часот, соопштија денеска од МВР,  пријавените пристигнале на платформата за чамци во кањон Матка во сопственост на А.С.(40), С.С.(41) и С.С.(31), сите од Скопје.

„Веднаш потоа, првопријавениот физички го нападнал А.С., додека четвртопријавениот со нож му се заканувал. Потоа, второпријавениот физички го нападнал С.С.(31). Во тој момент се вмешал полициски службеник, кој се обидел да ги раздели и да ја смири ситуацијата, но првопријавениот од пиштол за светлосно – звучна сигнализација испукал еден проектил кон оштетениот А.С.“, се појаснува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Тепачка и пукање по расправија на Матка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за кобната сообраќајка меѓу двајцата моторџии на автопатот Велес-Гевгелија

Редакција

Скопјанец изел ќотек од алкохолизиран сограѓанин

Редакција

(Фото) „Уловени“ 21 непрописно паркирани возила на кејот во центарот на Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница