еМагазин
Image default
Локално

Само во Македонија: Со воздушна пушка застрелал домашни животни на соселанец

На 05.06.2020 околу 13.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Истибања, виничко, Д.Т.(53) од с.Истибања испукал два истрела со дијаболи од воздушна пушка „Норика титан“ и застрелал домашни животни, сопственост на С.И.(56) од истото село, информира МВР.

Според пријавата, после тоа Д.Т. му се заканувал на С.И.. Полициски службеници излегле на местото и било констатиранод дека Д.С. пукал неовластено од пушката која со потврда ја поседувал неговиот син.

Пушката била одземена заедно со кутија со седум дијаболи калибар 4,5 мм. Д.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загинатите на Галичица се брачен пар од Ресен: МВР со детали за несреќата

Редакција

Хорор во село Кукуречани: Снимале обљуба на лице со тешка интелектуална попреченост

Редакција

Шестмесечно бебе починало во Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница