еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Комисијата за заразни болести веќе го достави предлогот до Владата и во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека кластерската анализа покажала дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир или прослава во периодот околу 23, 24 и 25 мај, односно точно пред две недели, а на што укажала деталната анализа во епидемиолошките прашалници.

– Овој пик е резултат на тоа. Непочитувањето на мерките не доведе до овој нов бран. Анализата во текот на последните седум дена покажа дека успеавме жариштата да ги задржиме во рамките на територијалните целини, односно дека нема значајно ширење надвор од нив.

Една од дилемите која се појави е ширењето во другите општини во Скопје надвор од првичните кризни – Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел и тоа е очекувано, затоа што Скопје функционира како една целина и голем дел од овие нови случаи во други општини се исто така се резултат на семејни собири од истиот период, додаде Филипче.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Центар го надмина Бутел по бројот на заболени од корона вирусот, во Чаир најмногу 168

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 156

Нови 127 заболени од корона вирусот, најголем дел од Скопје 67

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ударите кои ги задала обвинетета Клементина Левковска не придонеле кон смрта на Денис Тот, смета одбранта на обвинетата

Редакција

Мош и Интермецо казнети за гласна музика со по 13.000 евра

Редакција

Завршена обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница