еМагазин
Image default
Бизнис

Лани изградени 3.916 станови

Државниот завод за статистика денеска излезе со информација дека во текот на 2019 година деловните субјекти изградиле 3.916 станови со вкупна површина од 258.328 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 66 м2.

Според статистичките податоци, во текот на 2019 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.478.753 илјади денари.

Од нив, 12.303.726 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2019 година се градени вкупно 2.412 објекти.

Индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9.303.880 илјади денари. Г

радени се вкупно 1.730 објекти и завршени 2.153 станови со вкупна површина од 236 972 м2, од кои 64 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 5.500 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 110.1 м2.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување на ЦГК: 15 директори на јавни претпријатија треба да добијат отказ, поради нетранспаретност

Редакција

Правилата за влез во Грција остануваат непроменети

Редакција

Потпишан договор со “ИРД инженеринг“ за консултант и надзор за автопатите на коридорите 8 и 10-д, кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница