еМагазин
Image default
Македонија

Полицаец во затворот во Шутка е позитивен на Ковид-19

Управата за извршување на санкциите потврди дека затворски полицаец од КПУ Затвор – Скопје во Шутка е позитивен на коронавирусот и дека се добиени информации за сите контакти кои ги имал на работното место.

Тој на 9 и 10 јуни, кога не бил на работа, имал благо покачена температура, но матичната докторка не сметала дека има потреба да се тестира зашто имал воспалено грло и му препишала терапија. Кога дошол на 11 јуни на работа, според утврдениот протокол, му била измерена температура, која била во нормала и немало причина за сомневање. Но, по добиената информација за претходната состојба, на неговото работно место биле применти заштитни мерки.

Управата соопшти дека вработениот бил ослободен од работните обврски и упатен дома, а потоа е разговарано со неговата матична докторка со цел да го упати на тестирање.

-Сите негови колеги со кои имал контакт се, исто така, упатени кај своите матични доктори откако на 13 јуни 2020 година е добиен резултат за позитивен тест на овој затворски полицаец и до нивното тестирање сите ќе отсуствуваат од работа, а на нивно место се вклучени други затворски полицајци во работниот процес, соопшти Управата за извршување на санкциите.

Во соопштението додава и дека кај останатите вработени во установата како и кај притворениците и осудените лица нема пријавено присуство на какви било симптоми на Ковид-19 и работата се одвива непречено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И новото жариште со Ковид-19 во Ресен е од семејна прослава

Јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација

Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76% имале хронични болести

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Koja e Невенка Стаменковска Стојковски, која од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација

Редакција

Комисиската расправа по нацрт-амандманите за промена на Уставот заврши, усвоен и четвртиот

Редакција

Таравари: Нема што да бараме во Влада со ДУИ, како со криминалци да се бориш против криминалот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница