еМагазин
Image default
Забава

Наместо во јули „Д Фест“ во Дојран ќе се одржи во август

Дојранскиот „Д Фест“ кој од страна на организаторот „Пасворд Продукција“ амбициозно се подготвуваше за одржување на почетокот на јули, поради актуелната состојба со пандемијата на корона вирусот е пролонгиран и ќе се случи од 21 до 23 август.

-Во текот на изминативе месеци напорно работевме на подготовка на фестивалот според препораките за заштита од Ковид-19, која резултираше со многу голем интерес и рекордна продажба на карти до сега.

Сепак бројките на заболени моментно не се добри поради што решивме да го одложиме фестивалот за новиот термин, рекоа организаторите.

Посочија дека со задржување на купениот билет може да се присуствува со него на фестивалското издание во 2021 година и дека наскоро ќе бидат објавени и други решенија за поврат на средствата.

МИА/Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Божиќен подарок: Празнична плејлиста од Sarah Mace & The Christmas Girls

Редакција

Предновогодишна концертна бајка на Сара Мејс, Крисмас Грлс и Камерниот оркестар на Битола

Редакција

Васил Гарванлиев останува македонски претставник за Евровизија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница