еМагазин
Image default
Македонија

За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

Министерството за образование и наука информира дека нема да има можност за прифаќање на електронските пријави за сместување во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 кои, согласно Конкурсот, беше утврдено дека треба да се поднесуваат од учениците преку интернет-порталот www.konkursi.mon.gov.mk.

– Известуваме дека за оние јавни ученички домови за кои со Конкурсот е предвидено пријавување со електронска пријава, потребно е документите да се достават до јавниот ученички дом каде ученикот бара да биде примен, од 4 јули до 15 јули 2020, односно од 10 јули  до 20 јули 2020 во домовите „Искра” во Штип и во скопските „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Св. Наум Охридски” во кои се сместуваат ученици со посебни образовни потреби.

Сите други услови од Конкурсот остануваат исти, објави МОН на својата веб-страница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев потврди дека на пописот ќе има графа за етничка припадност

Редакција

Граѓаните да пријавуваат ако забележат потпалувачи, апелира Ангелов

Редакција

Во Велес ученик и техничко лице имаат Ковид -19, во самоизолација 20 ученици

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница