еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради лажните податоци и непримањето на решенијата за самоизолација и во наредните 10 до 15 дена ќе има голем број заразени со Ковид-19

Проблемите со кои наидуваме на терен на дневна основа се недавање точни лични податоци, во епидемиолошката анкета дава точно име, а презиме случајно згрешено со две или три букви, непостоечка адреса, телефонски број не постои, меил секако не. Тоа се податоците кои ги добиваме од одредени граѓани, лажни односно неточни. Податоците при врачување на решенија за самоизолација кои се со точни податоци на терен се од типот: Ова лице не живее тука со години, не го познаваме или едноставно не отворање врати за да не се прими решението, истакна денеска на прес-конференција директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова.

Таа апелираше ваквите постапки да се минимизираат односно да се сведат на нула, затоа што бројките кои ќе ги видиме во наредните 10 или 15 дена се правопропорционални последици на ваквите однесувања.

– Секое позитивно лице или контакт од прв ред со висок ризик со позитивно лице кое нема да го прими решението и слободно ќе фунцкционира е потенцијална бомба, односно потенцијална зараза за сите оние каде тоа ќе се движи, рече д-р Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашања.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завршен инспекцискиот надзор за случајот со родилката – лекарка, непознато кој ја украл нејзината лажна изјава

Во кластерот „Свадба“ има 14 позитивни на Ковид-19 и не е познат ниту еден контакт

„Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“: Во Македонија има 40 големи кластери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетничка загина во сообраќајка на патот с.Патишка река – с.Осинчани

Редакција

Која е партијата „Нова Алтернатива“, чиј нов претседател ќе биде градоначалничката Данела Арсовска

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на Министерство за правда за набавка на струја вреден 45.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница