еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

АПЕКС Македонија со донација на средства за дезинфекција во вредност од 20.000 евра на Инфективна клиника

Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби доби донација со дезинфикциони средства во износ од 20.000 евра од компанијата АПЕКС Македонија, со што се заокружи циклусот на донации на оваа клиника со вкупна вредност од 40.000 евра.

Оваа донација е дел од хуманитарната кампања на компаниите членки на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа кои реализираа низа активности со цел да помогнат на здравствениот систем кој е соочен со борбата против пандемијата од Ковид-19 вирусот.

Веруваме дека дезинфекционите средства како и болничките кревети кои беа донирани минатата недела во Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, ќе помогнат полесно да се одвиваат секојдневните обврски на здравствениот и техничкиот персонал во оваа клиника и да се одржат соодветните услови за нашите граѓани кои се борат со овој немилосрден вирус.

Циклусот донации на АПЕКС Македонија и Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), чија вкупна сума изнесува 200.000 евра, продолжуваат во наредниот период.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со општествено одговорна кампања „Пошумете со еден клик“

Редакција

(Видео) Огромен успех: Џијан Емин и Хуан Аткинс ѕвезди на првиот фестивал на електронска музика во Грузија

Редакција

Првата миризлива Mastercard® дебит бесконтактна картичка на Еуростандард Банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница