еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Црн рекорд: Од корона вирусот починаа 11 лица

Од Министерството за здравство информираат дека од корона вирусот починаа 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.

Оваа е најголема бројка на починати од вирусот за 24 часа.

“Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).

Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни.

Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни“, велат од Министерството.

Вкупниот број на починати се искачи на 233.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир стигна до 363 активни случаи на Ковид-19, а Гази Баба до 148

Нови 185 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 96

Болниците речиси полни, на респираторна машина се 5 пациенти заболени од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи прогнозира дека уставните измени ќе се донесат до следното лето

Редакција

Советот за национална безбедност на Бугарија денеска ќе расправа за Македонија

Редакција

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница