еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Корона вирусот се врати во Дебар

Вчера во Дебар, кој беше прво жариште на корона вирусот во Македонија беа регистрирани рекордни 18 новозаразени со Ковид-19, што е најголем број на нови случаи за 24 часа од почетокот на епидемијата.

Како што информираа деновиве локалните власти, најголем број од новозаразените се млади лица на возраст од 20 до 30 години, а како главни причини за повторното ширење на вирусот ги посочуваат непочитување на препораките за лична заштита и пропишаните протоколи во кафулињата, маркетите и други институции и очекуваат бројот на заразени да продолжи да расте.

Според податоците на Министерството за здравство, Дебар, кој до неодамна беше добар пример за справување со вирусот, има вкупно 81 случаи на заразени со Ковид-19, од кои моментално се активни 29.

До сега во Дебар поради компликации од вирусот починаа четири лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир убедливо прв во Македонија по бројот на активни случаи на Ковид-19

Македонија има над 5.000 заразени со корона-вирусот

Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција се подготвува за неколкудневно невреме со обилен дожд, град, силен ветер и молњи

Редакција

Од „Фајзер“ тврдат дека нивната бустер доза против Ковид-19 обезбедува заштита од Омикрон

Редакција

ЕСМ и топланата „Скопје Север“ потпишаа договор – ќе продолжи испораката на греење во општините Чаир и Бутел

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница