еМагазин
Image default
Македонија

Почна да се полни и болницата во Козле: Хоспитализирани 11 возрасни и 1 дете

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир стигна до 413 активни случаи на корона вирусот: Детален преглед по скопските општини

Починаа уште 8 пациенти од корона вирусот

Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје 80

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комората на трговци од Солун одби да дојде во Скопје заедно со Ципрас

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19 од 793 тестирања

Редакција

Обвинителството бара ефективен наместо куќен притвор за Сашо Мијалков: Можно е бегство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница