еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хашим Тачи обвинет за воени злосторства: Жртви Албанци, Срби и Роми

Специјалното обвинителство во Хаг го обвини косовскиот претседател Хашим Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК за злосторства против човештвото и воени злосторства.

Тие се товарат за сто убиства, киднапирања, прогон и мачење за време на војната на Косово во периодот 1998-1999 година.

„Жртвите на кривични дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат и меѓу нив се косовски Албанци, Срби и Роми, како и политички противници.

Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти обвинителството во Хаг.

Меѓу обвинетите е и Кадри Весели, поранешен претседател на Собранието на Косово и лидер на Демократската партија.

Хашкото обвинителство соопшти дека Весели и Тачи терале кампања и правеле се што можат да ја оспорат работата на обвинителите и да ја укинат оваа институција.

Доколку судот во Хаг ги прифати обвиненијата, овој случај допрва ќе се развива во судската постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нашиот модел Мухамед Енуз настапи на шоу пред катедралата Дуомо во Милано, на 70-годишнината од светскиот бренд Монклер

Редакција

Самитот на ОБСЕ во Скопје ни покажа колку ни е голема администрацијата

Редакција

Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања, порача Мицкоски од Брисел

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница