еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Две лица заразени од корона вирусот починаа на штипското Инфективно одделение

На Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со Ковид – 19. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека станува збор за пациенти на возраст од 80 и 75 години.

„Осумдесетгодишниот пациент на Инфективното одделение е хоспитализиран на 5 јуни, состојбата му беше тешка во текот на лекувањето и беше со кислородна поддршка.

Додека 75- годишниот пациент е деносен вчера во претпладневните часови со симптоми на коронавирусот, починал неколку часа по хоспитализацијата, а брисот дека е позитивен пристигнал постмортем. Двајцата пациенти претходно имале други здравствени проблеми“, информира Ѓеорѓијев.

На Инфективното одделение во моментов се хоспитализирани 22 пациенти од општините од источниот регион, а двајца се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од земените брисеви.

За една недела од корона вирисот во штипската Клиничка болница починаа тројца пациенти, минатата недела почина 63- годишна жена.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот заразен од коронавирусот од Струмица е во државен карантин

Во Македонија има повеќе активни случаи на Ковид-19, отколку пикот во првиот бран

Починаа уште 8 пациенти од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.059 оздравени од Ковид-19

Редакција

Договор од 26,8 милиони евра со “Пуцко петрол“ склучи ЈСП

Редакција

Дизелот поевтинува за половина, а бензините поскапуваат за еден денар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница