еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Латас повторно ќе му се суди за „Тревник“, Апелација ја укина ослободителната пресуда

На новинарот Драган Павловиќ-Латас и на неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ, повторно ќе им се суди за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), откако Апелацискиот суд ја укина ослободителната пресуда.

Таа е укината поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба, а предметот е вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд.

Во случајот „Тревник“ се обвинети Латас и неговите браќа за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково.

Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд куќи во Општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.

Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дијабетичарите бараат поголем буџет за инсулинска терапија

Редакција

Kомплетно политичко скршнување од тезите, вели Мицкоски за можното коалицирање на Алијанса со власта

Редакција

72-годишна жена загина во пожар во Кичево

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница