еМагазин
Image default
Македонија

За една недела во Охрид и Струга по 44 потврдени случаи на Ковид-19

Изминатата седмица во Охрид е регистрирано присуство на Ковид-19 кај 44 лица, исто колку и во соседна Струга. Во Дебар изминатата седмица е потврден корона вирусот кај 26 лица. Тоа го покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје од Охрид, надлежен за општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Според седмичните податоци за периодот од 20 јуни и заклучно со вчера 26 јуни, во сите посочени општини Центарот изврши собирање материјал за тестирање од вкупно 223 лица и тоа 104 од лица во општините Охрид и Дебрца, 89 материјали од општините Струга и Вевчани, како и 30 материјали од Дебар и Центар Жупа.

Според појаснувањата, 129 од материјалите се земени по епидемиолошки индикации, додека 94 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар.

Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден присуство на Ковид-19 е потврдено кај 422 лица, од кои 140 во општините Охрид и Дебрца, 193 лице во општините Струга и Вевчани и 89 лица во општините Дебар и Центар Жупа.

Црниот биланс изнесува пет починати пациенти од Охрид и Дебарца, 26 од Струга и четворица од Дебар и Центар Жупа.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 163 случаи на Ковид-19, во Скопје 70

Медицинска сестра од Неготино позитивна на Ковид-19

Шест новозаразени со Ковид-19 во Дебар, активни 37 случаи

Корона вирусот продолжува да се шири во Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти со Ковид-19

Редакција

Борците од НОБ навредени од Заев и од омаловажувањето на нивната борба

Редакција

Турски државјани и фирма од Тетово осомничени за обид да избегнат плаќање акциза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница