еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Градинките сигурно нема да се отворат во скоро време

Министерот за здравство Венко Филипче не може да каже точно кога би биле отворени градинките, но како што вели, тоа сигурно нема да биде во скоро време, поради порастот на бројот на заболени.

„Тешко е сега да кажеме точно време тајминг кога би се отвориле меѓутоа засега сигурно не“, рече Филипче.

Тој потенцира дека одлука да се направи скрининг на вработените била донесена во период кога стостојбата со коронавиусот дозволувала да се размислува за отворање на градинките.

„Во моментот кога беше одлучено да се прави скрининг на вработените во градинките, состојбата беше таква што тие можеа да се отворат и заради тоа беше направен.

Но, со зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи сега во овој момент не е време да се отворат градинките, заради тоа што децата апсолутно се големи трансмитери на вирусот кон членови на своите семејства“, рече министерот за здравство.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Софијанова: И во други градови има зголемен број на деца со горно-респираторна симптоматологија

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 64 лица, приведени 49

Редакција

Запленета поголема количина марихуана: Уште трае акцијата во скопско Арачиново, која почна синоќа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница