еМагазин
Image default
Локално

Преку Фејсбук му се заканил дека ставил бомби на службените возила

На 28.06.2020 околу 16.20 часот во СВР Битола, В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки од профил на „Фејсбук“ на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека истите ќе бидат активирани, информира МВР.

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи. Во СВР Битола бил приведен З.Ѓ.(43) од с.Болно, ресенско, поради постоење основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маврово подготвено за скијачите – чист воздух, содржина за деца и тинејџери за време на распустот

Редакција

Правничка по наредба на директорка предвремено отпуштила негователка

Редакција

Исчезнато лице во Крушевско, во потрагата денеска се вклучува и Армијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница