еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали од протоколот за меѓуградски превоз: Нема веќе јадење, пиење или грицкање во возилата

Владата го објави протоколот за вршење меѓуградски превоз.

Содржината од проколот Ви ја пренесуваме во целост:

Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот.

На автобуските станици да се означат/обележат точки за патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.

Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од плексиглас во висина над главата).

За 50% намалување на капацитет на патници во возилото односно секое второ седиште е празно.

Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата).

Означување на правецот на движење на патници во автобусот.

Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки.

Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати.

Поставен на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.

Се забранува јадење, пиење, грицкање во возилата.

Обезбедување на корпа за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура.

По завршување на турата задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од протоколот за јавни настани: Влез преку коридори, сите со маски, седење преку едно седиште

Владата донесе нови протоколи за музеите и галериите и измени кај обложувалниците и сместувачките објекти

Сите детали: ДИК ги утврди протоколите за гласање на изборите, како ќе гласат заразените со Ковид-19?

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 766 случаи на Ковид-19 од 3.171 тестирања

Редакција

По обвинувањата од вработени, шефот на Управен суд, Сејдини тврди дека не распределувал предмети рачно

Редакција

Без осуда од ЕУ за бугарските клубови со контроверзни имиња, евроамбасадорот Гир не сака да толкува историја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница