еМагазин
Балкан

Рама: Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај пак ќе седне со властите на суверено Косово

Албанскот премиер Еди Рама, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „нема да ја признае независноста на Косово и дека преговара со Западот, а не со Албанците“, рече дека „Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај сепак ќе седне со легитимните власти на северната држава Косово“.

– Претседателот на Србија може да оди на Запад, може да оди на Исток, ако сака може да оди и на Месечината, но на крајот сепак ќе седне со нас. И кога ќе кажам со нас, тоа значи ќе седне со легитимните власти на суверената држава Косово, рече Рама на заедничката прес конференција со неговиот косовски колега Авдулах Хоти.

Тој додаде дека претседателот Вучиќ е претседател на Србија и оти Тирана секогаш ќе дава целосна поддршка за Косово.

– Тој ги брани интересите на Србија, од своја гледна точка, се разбира и може да каже дека не преговарал со Албанците, преговарал со Западот, но нема шанси тој да преговара со Западот за Албанците. Тирана целосно ги подржува властите во Приштина, посочи Рама.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Борисов предложи денот на Св. Кирил и Методиј – 24 мај, да биде национален празник на Бугарија наместо 3 март

Редакција

Мицотакис најави блокада за Македонија во ЕУ ако не го почитува Договорот од Преспа

Редакција

(Фото) Ципрас за интервенција на полицијата за „Џокер“: НД нè врати во 60-тите години, а можеби и уште поназад

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница