еМагазин
Балкан

82,5% од сите новозаразени со Ковид-19 во Србија се таму: Во Белград прогласена вонредна состојба

Градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила денеска. Вонредната ситуација се воведува поради спроведување на превентивни заштитни мерки и заштита на животите на населението во услови на пандемијата на Ковид-19.

Белградскиот градоначалник прецизираше дека Одлуката се носи поради спроведување на процедурата за воведување на три нови мерки, со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ги најави трите мерки, со кои се предвидува ноќните клубови, сплавовите и кафулињата што немаат тераси во Белград да бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот наутро.

Тој додаде дека парично ќе бидат казнети лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз.

Бројот на луѓе собрани во затворено ќе биде ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.

Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шеста жртва на коронавирусот во Грција, потврдени 464 заразени случаи

Редакција

По големиот пораз на парламентарните избори Ципрас размислувал за оставка

Редакција

ГЕРБ на Борисов смета дека ќе има Влада од партиите кои протестираа пред една година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница