еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР со детали за давеникот во Охридско Езеро: Пијан влегол во вода со другарите, по што се удавил

Вчера на Кејот на Охридското езеро беше пронајдено тело на 49-годишен маж. МВР денеска излезе со детали како се случила смртта.

„На 03.07.2020 во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид од водите на Охридското Езеро било извлечено безживотно тело на 49-годишниот С.Ј. од Охрид.

Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по што била констатирана смрт. За настанот е известен јавен обвинител.

На местото на настанот увид извршила  екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј., кој бил под дејство на алкохол, и околу 14:00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода по што го пронашле и го извлекле од вода.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција,“ соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најавената реформа во образованието однапред осудена на пропаст, велат од Институтот за социологија и Здружението на социолози

Редакција

Kибернападите годинава ќе ја чинат глобалната економија 9,5 трилиони американски долари

Редакција

Твитер „зовре“ по сведочењето на Александар Василевски: „Овој Нинџа го натпеа и Дурловски“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница