еМагазин
Image default
Балкан

Поради зголемениот број на заразени од корона вирусот, се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ во Црна Гора

Епископскиот совет на Српската православна црква во Црна Гора денеска ја информира јавноста дека поради епидемиолошката состојба во земјата се одложуваат сите молитви, литии и слични собири низ цела Црна Гора.

Во соопштението на Епископскиот совет се наведува дека Српската православна црква, иако имала можност молитвите да ги оддржува пред храмовите, како и намера да ги почитува наредбите од здравствените установи, околностите биле такви што „покрај усогласеноста со прописите, треба да се покаже и пример за воздржаност и трпеливост“.

“Формално-правно го прогласивме крајот на епидемијата и правната основа да ги продолжиме нашите оправдани протести, сепак, болеста се врати кај нас и во моментов напредува“, се наведува во соопштението.

Епископскиот совет ги повика верниците во парохиите од северот на Црна Гора, во кои повторно се забранети богослужби со присуство на верници, во договор со нивниот свештеник да бидат во врска за изведување на молитвите.

Во соопштението се додава дека редовните црковни служби во другите градови ќе се одвиваат во согласност со утврдениот ред, во согласност со здравствените регулативи.

МИА/Фото: skupstina.me

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 99 лица

Редакција

Ќе повлече ли нога: Коѕијас не е член на Сириза, туку на Прато, кое има тројца пратеници

Редакција

Расте црниот биланс: Најмалку 28 жртви и 650 повредени од земјотресот во Албанија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница