еМагазин
Свет

Лагард: Пандемијата длабоко ќе ја промени светската економија и ќе го трансформира начинот на работење на вработените

Економската криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот „длабоко ќе ја промени“ светската економија, која сега повеќе ќе биде ориентирана кон екологијата и нумерацијата, а Европа овие промени ќе ги дочека во „одлична позиција“, оцени директорката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Кризата ќе ја забрза трансформацијата на европските економии, а таа трансформација е веќе „латентно присутна“, рече Лагард за време на видео конференцијата за економијата на францускиот регион Екс-ан-Сен, во Париз.

-Кога станува збор за производството, пазарот, вработувањето, тоа што ние во моментот го доживуваме веројатно ќе доведе до еволуција кон поодржлив начин на живот, што ќе биде повеќе еколошки, рече Лагард.

Според париски „Фигаро“, Лагард посебно се осврна на работата од далечина (дома), која, како што оцени, ќе „го трансформира начинот на функционирање на сите вработени“, барем кога станува збор за развиените земји.

Таа, исто така, оцени дека ќе има значително зголемување на употребата на нумерички технологии и роботика во индустријата.

-Соочена со ваквите трансформации, Европа е во одлична позиција да ги прифати, додаде Лагард.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември

Редакција

Русија најави визи за „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија

Редакција

Шефот на платеничката група „Вагнер“, Пригожин е во Белорусија во хотел без прозорци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница