еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Реалноста за името не ја игнорираме, но македонскиот оган нема да згасне

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа, меѓудругото говори и за името на државата.

На прашањето како ќе ја внесе Македонија, а не Северна Македонија во ЕУ, тој одговара:

„Ние ја користиме вокативната форма од името Македонија, тоа е Македонијо, зошто сакаме да покажеме еден вид на гордост, затоа што нашиот став е поврзан со нашата македонштина, со тоа што сме ние Македонци, коишто се од Македонија е познат и многу пати артикулиран во јавноста и сме го кажале во стотици интервјуа и тука навистина нема што да додадам и што да одземам.

Истовремено сме кажале дека сме било против таа капитулација што ја донесе Зоран Заев потпишувајќи го Преспанскиот договор, но истовремено сме кажале дека ние реалноста нема да ја игнорираме, но истовремено сме кажале дека нема никогаш да дозволиме оганот македонски да згасне се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за Македонците, за Mакедонија и се што е поврзано со придавката македонски.“

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот, вели американската амбасадорка Агелер

Редакција

Владата ја испрати до Собранието номинацијата на Пенов за министер за локална самоуправа

Редакција

Инспекциски надзор во болницата во Битола откако беше објавено дека пациент додека прима инфузија, на други болнички кревети лежат починати пациенти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница