еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од компликации поради корона вирусот почина првиот лекар, урологот Арификмет Деари од Тетово

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека во ГОБ „8 Септември”, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово.

„Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на Ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.

Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство.

Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него.

Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани,“ напиша Филипче на неговиот Фејсбук-порофил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Скандалозна изјава на поглаварот на ИВЗ, Реџепи за судијка, за која доби аплауз: Не ја жалам, таквите нека починат

Редакција

Нови 429 случаи на Ковид-19, оздравени 572, починати пет лица

Редакција

Груевски за притворот на Чавков: Заев му се одмаздува за „Поткуп“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница