еМагазин
Image default
Македонија

Можни рестрикции за соседите за влез во Македонија поради корона вирусот

Зголемениот број на новозаразени со коронавирусот во соседните земји, можно е да доведе до преземање одредени мерки за влез во нашата држава, ако се утврди дека постои ризик за нашиот здравствен систем.

„Разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести за зголемениот број на заразени од соседството. Чекаме уште некои информации од Центрите за јавно здравје во градовите од соседството.

Апсолутно е можно да препорачаме мерки доколку утврдиме дека ризикот од влез на овие граѓани може да го загрози нашиот здравствен систем“, изјави министерот за здравство Венко Филипче во врска со тоа дали се планира воведување на некаква контрола на границите за влез во нашата држава.

Тој истакна дека за време на викендот немало индикација за поголема опасност од влезот на граѓаните од соседните земји, но дека чекаат информации од повеќе центри за јавно здравје од градовите од Косово и од Србија. Врз основа на добиените податоци, следните два дена ќе се одлучува дали ќе се преземат мреки на границите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за Ковид-19 на туристи на грчката граница

(ВИДЕО) Српски туристи со часови чекаа да влезат во Грција пред да се затвори границата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Сали вели дека протестирале само 25% од матичните лекари

Редакција

Во Општата болница во Кочани отворено Ковид одделение, згрижени првите пациенти

Редакција

ДУИ објави 17 кандидати за градоначалници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница