еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Силјановска Давкова: Се чудам на шокот на оние кои мислат дека играта е недолична за било која возраст, но повеќе им верувам на Ниче и Хавел

Се чудам на шокот на оние кои мислат дека играта е недолична за било која возраст, реагира професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на изборна листа на опозицијата, на коментарите за видеото во кое таа играше твист.

„Јас повеќе му верувам на Ниче кој не може да го замисли светот без музика, а и на Вацлав Хавел, кој велеше дека џезот имал поголема улога во рушењето на комунизмот, од било кој протест. Дека е така, дека играта е синкретична уметност која не знае за граници, покажува и мој пример од образовниот живот.

Меѓу другото во академската кариера сум остварила безброј меѓународни посети каде Македонскиот народ не бил прочуен и признаен само по научните успеси. Напротив, исконската врска помеѓу нашиот народ и љубовта кон танцот е наше меѓународно обележје! Танцувај Македонијо! Со храбро срце и радосен поглед на животот да ја исправиме нашата татковина,“ порачува таа во видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силјановска Давкова ја „затресе саботна треска“ па заигра твист: Треба да се најде време и за себе

Димитров лови риби, Силјановска Давкова му порача дека тоа не се прави во фармерки и бела кошула

(Видео) Царовска во кафеана станува да игра на „Муштулук“, а Манчевски на „Несаница“

Фото/видео: Фејсбук/Силјановска Давкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР апелира: Не употребувајте петарди!

Редакција

Сред бел ден во вооружен грабеж ограбен салонот на Божиновски часовници и накит на ул. Македонија

Редакција

Договорот со Фронтекс останува непотпишан поради непризнавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница