еМагазин
Image default
Локално

18 мигранти од Бангладеш пронајдени во возило на патот Неготино-Градско

Осумнаесет мигранти од Бангладеш биле пронајдени вчера во возило на патот Неготино-Градско, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Околу 14:30 часот на патот Неготино – Градско, во близина на локалитетот Стоби, при контрола на товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (33) од Скопје, во товарниот дел на возилото полициски службеници пронашле 18 мигранти од Бангладеш (сите полнолетни).

Возачот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица за понатамошна постапка, појасни Додевски.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Известен бил јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот тразнитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведена жена од Радожда поради криумчарена риба

Редакција

Го нападнал на паркинг пред кафана во Капиштец

Редакција

Само во Македонија: Го украле државното знаме од јарбол кај жичарницата на Водно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница