еМагазин
Image default
Локално

Дваесет и тригодишна кавадарчанка се сомничи за кривично дело “повреда на тајноста на гласање“

Дваесет и тригодишна кавадарчанка се сомничи за кривично дело „повреда на тајноста на гласање“, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во Одделението за внатрешни работи Кавадарци синоќа во 17:00 часот била повикана 23-годишна кавадарчанка, поради сомнение дека како член на избирачки одбор на гласачко место во Кавадарци, на 15.07.2020 сторила кривично дело „повреда на тајноста на гласање“, соопшти Додевски.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден починат и петорица повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Редакција

64-годишна жена ѝ дала на измамничка 21.900 евра и 17.900 австралиски долари за да ѝ ги смени, бидејќи банкнотите немало да важат

Редакција

Семејно насилство во Аеродром: Ја тепал поранешната сопруга пред малолетните деца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница