еМагазин
Image default
Македонија

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да продолжи со разговори за формирање Влада

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа редовна седница на Извршниот комитет (ИК), прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори. На седницата се дискутирало за актуелната општествено политичка состојба и изборите, информираат од партијата.

– Извршниот комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната изборна комисија кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот суд, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ја добил довербата од народот во најголем број општини, и воедно издејствувал поголем број мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА.

-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде насока да се изготви темелна анализа за резултатите од изборите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд, бара од ДИК рачно да ги преброи гласовите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските епидемиолози почнаа со тестирањето на работниците од петте конфекции

Редакција

185 нови ковид-случаи, 99 во Скопје

Редакција

Пет нови случаи на Ковид-19 од 2.531 тестирања, бројката на активни изнесува 141

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница