еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Али Ахмети повикан во Специјалниот суд во Хаг

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг.

– Да, вистина е дека сум добил покана од Специјалниот суд во Хаг и ќе одам, изјави Ахмети за ТВ 21. Тој во Судот во Хаг, според ТВ 21, ќе се појави во својство на сведок.

Минатата недела во Судот во Хаг, беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово.

Засега нема информација дали поканата за Ахмети има врска со исказот на Тачи.

Освен за претседателот на Косово, Хашим Тачи, Специјалниот Суд во Хаг, покрена обвинение и за Кадри Весели, претседателот на ДПК, кој во време на воениот конфликт па се до 2008 година ја вршеше функцијата директор на Информативната служба на Косово.

Освен овие лица, во списокот на обвинети на Специјалниот суд, според косовските медиуми се и други високи функционери на ОВК.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се огласи разрешениот Богојески: Го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас

Редакција

Пожарот во Мариово делумно ставен под контрола, дождот помогна во гаснењето

Редакција

Министерката за култура Стефоска платила глоба, Антикорупциска го затвори предметот за неа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница