еМагазин
Image default
Локално

Детали од МВР: Изгоре автомобил во Скопје, пожарот зафати уште три возила

На 22.07.2020 околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„ВМРО“ настанал пожар, при што целосно било опожарено паркирано патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.И.(49) од Скопје, информира МВР.

Од пожарот биле зафатени уште три паркирани возила: „бмв Х5“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(49) од Скопје, „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н.(31) од Скопје и „даеву тико“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.З.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинител изврши увид на местото во Пинтија, каде што осумгодишно дете беше нападнато од куче и почина

Редакција

Штета од околу 180 илјади денари: Опожарен кајакарски клуб во Долна Матка

Редакција

Пронајдена почината жена на постојка под Железничката станица во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница