еМагазин
Македонија

Захарова: Обвинувањата за руско мешање во изборите во Северна Македонија се апсурдни

Обвинувањата дека Русија се мешала во неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија се апсурдни, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Тешко беше да не се забележат на широко распространетите видео пораки на високи западни политичари, вклучително и на шефови на влади и на министри, за време на предизборната кампања во Северна Македонија.

Тие отворено и упорно ги повикуваа гласачите во Северна Македонија да гласаат за една или за друга партија. Наспроти позадината на ова странско мешање во работите на една суверена држава, апсолутно се неосновани и изгледаат сосема апсурдни шпекулациите за присуство на одредено руско влијание“, изјави Захарова.

Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи ги обвини западните земји за двојни стандарди, бидејќи тврдат дека Русија се меша, а нивните лидери отворено се обиделе да влијаат на изборите  во земјава.

Според неа, се изнесуваат нејасни сомнежи и обвинувањата на сметка на Русија, а во исто време „директниот западен притисок врз граѓаните на Северна Македонија се претставува како нешто легитимно“.

МИА/Фото:Internet haber

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 137 оздравени пациенти од Ковид-19, дури 108 од Скопје

Редакција

Десет години затвор за 17 годишното девојче кое уби 16 годишно момче во тетовско Бањиче

Редакција

Реториката на историчарите од Софија ја отежнува работата на Историската комисија, смета Пендаровски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница