еМагазин
Image default
Свет

Во Русија вакцините против Kовид-19 ќе бидат бесплатни

Вакцинацијата против корона вирусот ќе биде бесплатна, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

– Штом се појави, ќе започнеме со кампања за вакцинирање. Вакцинацијата ќе биде бесплатна. Сите амбуланти и поликлинички мрежи ќе работат на тоа. Секако, оваа година треба да ја зајакнеме вакцинацијата против грип за да немаме две есенски епидемии, изјави Собијанин за телевизија „Русија 1“.

Градоначалникот на Москва рече дека поради зголемувањето на бројот на тестови расте бројот на откриени случаи на корона вирусот, но и дека, сѐ на сѐ, состојбата се подобрува.

Собјанин претходно изрази надеж дека вакцината ќе биде регистрирана во наредните недели. После тоа, градските власти планираат да воспостават соработка со производителите за да ги испорачаат препаратите во потребните количини.

Во Русија најмалку 17 научни центри работат на вакцина против Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ние сме оставени сами да ја браниме нашата држава, кој е подготвен да се бори со нас, искрено – не гледам“, вели украинскиот претседател Зеленски

Редакција

Германија им дава по 200 евра на студентите за покривање на зголемените сметки за енергија

Редакција

Коронавирусот не се пренесува преку амбалажа од храната

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница