еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Нема знаци дека Ковид-19 е сезонска болест

Веројатно годишните времиња не влијаат врз развојот на пандемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека е погрешно верувањето оти во летен период сме позаштитени.

– Годишните времиња не влијаат врз пренесувањето на вирусот, од кој починаа над 650.000 луѓе во светот и заразени се повеќе од 16 милиони, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на онлајн брифингот.

Како пример, таа наведе дека во една од најпогодените земји во светот од Ковид-19, САД, сега е лето, а во втората најпогодена Бразил е зима.

– Постои верување дека вирусот е сезонски, но мора да запаметиме дека станува збор за нов вирус, кој иако е респираторен, кои историски се сезонски, овој се однесува поинаку, нагласи Харис.

Таа истакна дека комбинацијата на вирусот на грип, кој е сезонски и преовладува во зима, и новиот коронавирус е загрижувачка и може да го зголеми притисокот врз здравствените системи.

– Им препорачуваме на сите да се вакцинираат против грип, советува Харис.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Акции на Македонската берза со најголем пораст и пад на вредноста во декември

Редакција

Потврдени 17 нови случаи на заболени од корона вирусот, вкупната бројка е 1.740

Редакција

Софија со нота ќе бара безбедност за Бугарите кои ќе отидат во Скопје за годишнината од раѓањето на Делчев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница