еМагазин
Балкан

Загрозена слободата на изразување, Турција ја заостри контролата врз социјалните мрежи

Турскиот Парламент денеска го усови законот со кој се предвидува засилена контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување.

Главните социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук, во иднина ќе мора да имаат свој претставник во Турција.

Социјалните мрежи, исто така, ќе треба да се придржуваат кон наредбите на турскиот суд за отстранување на одредена содржина во рок од 24 часа. Во случај на непочитување на судските наредби, предвидени се строги казни, јавуваат турските медиуми.

Невладините организации се загрижени за ерозијата на слободата на изразување во Турција и зголемената контрола врз социјалните медиуми може да им го ограничи пристапот на Турците до независните или критички информации, во опкружување во кое доминираат провладините медиуми.

Според најновиот „извештај за транспарентност“ на Твитер, Турција во првата половина на 2019 година се наоѓа на чело на земјите што барале отстранување на содржина од оваа социјална мрежа, со повеќе од 6.000 барања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Кошничката за домаќинствата“ Грците заштедуваат 66 евра месечно

Редакција

(ВИДЕО) Фатен моментот на експлозија на бомбата во дворот на грчката телевизија Скај

Редакција

Во Албанија за првпат троцифрена бројка на заразени со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница